Со цел подобрување на условите за работа на полицијата во Гевгелија е изведена реконструкција на згадата на Полициската Станица. Поставена е нова изолациона столарија (врати и прозорци) , нова изолациона фасада со што се подобрува енергетската ефикасност на објектот. Ентериерот кој исто така беше амортизиран е обновен и создадени се услови за солидна професионална работна инфраструктурна и опремена удобност во обавуваењето на потребите на граѓаните, како во обезбедувањето на јавниот ред и мир, така и во службите кои ги остваруваат директните комуникации и документациони потреби за граѓаните.
Со последниот проект за реновирање на Полициската станица во Гевгелија МВР инвестираше 12.000.000 денари, а целиот зафат беше готов пред крајот на 2020 година. Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи обиколка на сработеното и увид во функционалноста на новореновираниот објект на Полициската Станица во Гевгелија.
- „ Не можеме да претендираме на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови. Непосредната комуникација и увидот во работењето, но и во материјално техничките капацитети на сите организациони единици при МВР е важна и неопходна практика што денес ја реализираме и овде во Одделението за внатрешни работи Гевгелија“ - ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот на ОВР Гевгелија.
Министерот Спасовски нагласи дека и во наредниот период МВР продолжува со несмален интензитет да ги санира и другите Полициски станици во државата. Беше завршена санацијата на ПС Крива Паланка, продолжува во СВР Куманово ,потоа на ПС Ресен и ПО Ростуше.
Притоа министерот Спасовски заклучи дека : ,,Остануваме посветени заедно со раководството на Македонскиот полициски синдикат и наш заеднички императив ќе бидат започнатите реформските процеси во безбедносниот сегмент, постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници на тој начин што во секој нов објект синдикатот ќе учествува со опрема или средства потребни во секојдневното работење на полициските службеници, за што сме убедени дека значително ке се унапреди ефикасноста и квалитетот на полициското работење“.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=5865:renovirana-policiskata-stanica-vo-gevgelija&Itemid=615#sigProGalleriaf848308dc2
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место