Топ Новости

Приватен лет во вселената закажан за 2022 година

Сабота, 30 Јануари 2021

Четворочлена мешовита меѓународна екипа од САД, Канада и Израел платиле по 55 милиони долари (вкупно 220 милиони) со што си резервирале место во историјата - ќе бидат првите приватни патници на комерцијален лет во веслената

Кои се луѓето кои ќе бидат дел од првиот приватен лет до Меѓународната вселенска станица? На 26-ти јануари беа откриени нивните имиња.

Тимот е составен од поранешниот астронаут на НАСА Михаел Лопез Алгериа, Лери Конор од САД, Марк Пети од Канада и Ејтан Стиб од Израел.

Михаил Лопез Алгериа е поранешен астронаут кој се пензионираше од НАСА во 2012-та и е сегашен потпретседател на Axiom Space.

Лери од САД, кој зад себе има управувано 16 различни летала, ќе биде пилотот на леталото, со тоа станувајќи првиот пилот кој управува комерцијален вселенски лет. Истовремено, со 71 година, тој ќе биде и втората најстара личност која отишла во вселената, веднаш зад Џон Глен кој го направи тоа на 77 години.

Марк Пети ќе биде вториот Канаѓанец во историјата кој отишол во вселената, а Ејтан е 11-иот Израелец кој го направил овој подвиг.

Лансирањето е планирано за 2022-ра година, а екипажот ќе патува со леталото „Crew Dragon на SpaceX“. Целата мисија е соработка помеѓу SpaceX, компанијата на Илон Маск, НАСА, како и компанијата Axiom Space. После лансирањето од Флорида, на екипажот ќе му бидат потребни околу 48 часа за да стигнат до Станицата, а таму ќе поминат 8 дена.

Слично како SpaceX, Axiom Space е приватна компанија која произведува вселенски летала, а во договор со НАСА, ќе направи и комерцијален модул за Меѓународната вселенска станица. Во јануари минатата година, компанијата доби дозвола од НАСА да го направи модулот, кој ќе биде лансиран во 2024-та, со цел да се создаде повеќе простор за астронаутите. Компанијата вели дека кога Станицата ќе излезе од орбита, модулот ќе се оддели од неа и ќе стане независна комерцијална станица. Приватниот вселенски лет, познат и како мисија Ax-1, ќе биде првиот од неколку комерцијални летови, со кои подоцна ќе биде составен модулот на Станицата. Истовремено, на еден од летовите најверојатно ќе присуствува и Том Круз, заедно со режисерот Даг Лиман, и ќе го снимаат првиот филм во вселената.
Last modified on Сабота, 30 Јануари 2021 - 12:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.