Топ Новости

Германскиот уметник H. Macke инспириран од Македонија

Сабота, 13 Февруари 2021

Убавините на Македонија и нејзините природни пејсажи, со питомите поднебја, живот и култура биле инспирација за ликовно креирање на уметници од светски ранг.

Еден од ретките кои твореле на овие простори е и Хелмут Маке - (Helmuth Macke), германски сликар. Тој бил приврзаник на авантгарден стил на ликовен израз и со група млади и напредни уметници од Минхен ја формираат сликарска група наречена „Синиот Јавач“ (Der Blaue Reiter). Групата „Син Јавач“ имала “термо-нуклеарен“ ефект врз сликарството. Во следните години, публиката и сликарите целосно се свртуваат кон апстрактните ликовни форми и експресионизмот, а тој интерес останува силен и доминантен до ден денес.

Со цел разбивање на овој уметнички авангарден танддем Германскта армија регрутира дел од нив и ги испраќа на воените боипта за време на Првата Светска Војна.

Хелмут Маке (1891 – 1936) е исто така регрутиран и испратен во Македонија близу Дојран и Струмица. Два пати бил ранет во борба и два пати закрепнал. Останал цела војна во околината на Дојран. Цртал акварели и мали масла на панел со македонски пејсажи или војнички сцени. Дури и после војната во 1920-тите години Маке се навраќа кон македонската инспирација. Последното македонско дело кое излезе на пазар од Хелмут Маке ( аукциска куќа Karbstein Peter , објект 278) е маслото на платно „Пејсаж со бели биволи во Македонија“ е нацртано во 1923 година. Во 1936 години, кога Хитлеровите црнокошулаши јавно ги уништуваат апстрактните слики и ги прогонуваат модерните сликари, Хелмут Маке се удавува под мистериозни околности во езерото Констанца, каде што живеел.

Фотографски записи од делата на Хелмут Маке се објавени во „Лексиконот на странски сликари во Македонија помеѓу 1850-1950“. (ФОТО Галерија)

Првото негово насликано дело со инспирација од мотиви забележани во Македонија е „Жени на чешма во Дојран“, изработено во акварел и потекнува од 1916 година.

Хелмут Маке (1891-1936) Жени на чешма во Дојран, акварел 1916

Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Второто познато дело од Македонија „Пејсаж во Македонија крај Дојран со животни“, насликано 1917 година. Кој ги има видено кравите како пасат покрај езерото ќе се сетат на природниот амбиент на Дојранското крајбрежје.

Хелмут Маке (1891-1936), Пејсаж во Македонија крај Дојран со животни, 1917

Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Македонски пејсаж со бели биволи, Ова е последната негова слика што се појави на аукција во 2018 година во Германија. Насликана е во 1923 според спомените и инспирацијата од Македонија.

Хелмут Маке (1891-1936) Македонски пејсаж со бели биволи, Ова е последната негова слика што се појави на аукција во 2018 година во Германија. Насликана е во 1923 според спомените и инспирацијата од Македонија

Posted by Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 on Thursday, February 11, 2021
Last modified on Сабота, 13 Февруари 2021 - 05:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.