Почина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Петок, 19 Февруари 2021

Познатиот српски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст, пренесува „Блиц“.

Популарниот српски кантавтор чии песни се евергрин хитови на ексјугословенските простори, почина денеска во Нови Сад, откако пред една недела бил примен на Инфективната клиника поради воспаление на белите дробови како последица на ковид-19. Почина на 3 месеци пред да наполни 68 години.

Познат по прекарот Панонски морнар, по неговата популарна песна, Балашевиќ кариерата ја почна со групата „Жетва“ и хитот „Во патецот те бакнувам (У раздељак те љубим).

Продолжи да пее со „Рани мраз“, а 1982 почна соло кариера и стана еден од најпопуларните кантавтори во бивша Југославија. Автор е на 12 студиски албуми и два снимени во живо. Меѓу хитовите се и „Моја прва љубов“ (Моја прва љубав), „Сметајте на нас“ („Рачунајте на нас“), „Прости ми Катрин“ (Опрости ми Катрин), „Приказна за Васа Ладачки“ (Прича о Васи Ладачком), „Животот е море” (Живот је море).

Легендарна беше и неговата љубовна приказна со сопругата Оља со која беа во брак над 35 години и имаат три деца. Во 2019 имаше срцев удар откако му се слоши на концерт во Крагујевац по што му беа вградени стентови.

Балашевиќ играше и во неколку ТВ серии, а беше автор и на филмска и ТВ музика.



 

Last modified on Петок, 19 Февруари 2021 - 19:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.