Гевгелија пред полициски час

Вторник, 16 Март 2021

Угостителските објекти во Гевгелија празни и пред да настапи полицискиот час.
Немањето гости, или еден или двајца во цел објект кои што го дојадуваат нарачаното е вечерашната слика во градот од Југот. Кафеаните празни, групирања не се гледаат, а бројките на корона заразени во градот секојдневно растат, до денешните речиси 300 на број активни на вирусот.

Ако ноќните групирања не се причина за коронагалопот, тогаш предмет на анализа треба да биде целодневното однесување на граѓаните, посебно младите.
Видно е дека по кафулињата продолжуваат да се дружат, на масички со пречник од 60 сантиметри, а тие надлактени на масата за да ја уживаат пијачката имаат растојание меѓу себе помал од 40 сантиметри. Ова е рецепт за 100% зараза, ако барем еден од нив е позитивен на корона. И сето ова се случува во текот на денот, во 12 до 16 часот. Полициски час овде нема влијание во спречувањето на ширењето на вирусната инфекција.

Растечкиот број на короназаболени во државата донесе и најава од министерот за здравство дека за утре свикал нова седница на комисијата за заразни болести, со анализа на трендот на заболувањата и ефектите од воведениот полициски час кој почна да се применува од 10 март годинава. Дали ќе се предложат нови рестрикции, ќе дознаеме утре после состанокот на Комисијата.

Полицискиот час кој се спроведува од 22 часот па се' до 5 часот наутро ќе трае до 22 март, а угостителските објекти работат до 21 часот. МВР секојдневно казнува и стотици граѓани кои не носат заштитна маска, а речиси сите угостители во Гевгелија имаат добиено опомена за својата работа.

 

Last modified on Среда, 17 Март 2021 - 04:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.