Топ Новости

Ветерен парк од 40 милиони евра во Богданци е новата инвестиција за зелена енергија

Среда, 17 Март 2021

Во општина Богданци денеска беше промовирана новата инвестиција за производство на незагадувачка енергија со т.н. „ветерн парк“.
Инвестицијата во ветерна електрана од 30 мегавати на подрачјето на општина Богданци е со вредност од над 40 милиони евра.
На промоцијата на инвестицијата, се обратат премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов и директор на компанијата „Интеренерго“ ДОО, Љубљана, Блаж Штерк.

- „Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат. Со новата инвестиција – ветерен парк во Општина Богданци, се зголемува производството на чиста електрична енергија. Се работи за инвестиција од 30 MW ветерна електрана, со вредност од над 40 милиони евра за производство на електрична енергија од околу 72 GWh, со што се обезбедува стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 18.000 домаќинства. На територија на општина Богданци веќе е реализиран ветерниот парк на АД ЕСМ, од 36,8 MW со 16 ветерници. Во фаза на развој е проширувањето на овој ветерен парк за дополнителни 13,2 мегавати со поставување на нови 4 ветерници“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција на новата инвестиција во ветерни електрани во Општина Богданци.

Тој нагласи дека со овој инвестиционен потег Македонија создава услови за одржлив развој за сегашните и за идните генерации. „Имплементираме зелено сценарио за развој на Северна Македонија, кое треба да обезбеди економски и еколошки бенефит“, изјави денеска на промоцијата на проектот премиерот Зоран Заев во Богданци.

Градоначалникот Шапов искажа задоволство што Општина Богданци повторно ќе се истакне во развојот на обновливите извори на енергија, односно во развојот на нов ветерен парк .

„Како општина стоиме на располагање на секој иден инвеститор да излеземе во пресрет и да овозможиме се што е во наша надлежност за побрза градба. Новите инвестиции водат кон просперитет на општината, и нови можности како за развој на ветерната енергија, но исто така и развој на енергијата од сонцето односно градба на фотонапонски електрани, бидејќи нашата општина има поволности за развој и на тој вид на енергија“, рече Шапов.

Блаж Штерк директорот на „Интеренерго“, Љубљана истакна дека како едни од најактивните инвеститори во Југоисточна Европа, посветени се на производство на електрична енергија од целосно “зелени“, обновливи извори.

Според, Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на финална енергија се планира да биде над 50%. Фотонапонските и ветерните електрани ќе бидат најбрзо растечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, и тоа до 1400 мегавати фотонапонски електрани и до 750 мегавати ветерни електрани.



Last modified on Среда, 17 Март 2021 - 16:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.