Д-р Зенделовска: Работете на сопствениот имунитет!

Четврток, 18 Март 2021

Сакам да потенцирам, бидејќи ќе ни треба подолго време за да создадеме колективен имунитет, единствено што ни' останува е да работиме на сопствениот имунитет, објаснува виш науч. сор. д-р Драгица Зенделовска во интервјуто за „Слободен печат“.

Терминот колективен имунитет се однесува на состојба во која мнозинството лица во дадена заедница се заштитени од одредена заразна болест, или со прележување на таа болест, стекнувајќи специфичен имунитет или со вакцинација. Но кај нас, за жал, сè уште не може да зборуваме за масовна вакцинација. Што тогаш?

- „За добро функкционирање на имунолошкиот систем потребни ни' се здрав начин на исхрана, добар стил на живеење, помалку стрес и добар сон. Исхраната е важен фактор ако се земе предвид дека преку неа можеме да внесеме многу компоненти кои ќе ја зголемат отпорноста кон различни вируси и бактерии. Всушност, ако имаме добро функционирање на имунолошкиот систем, шансите за подобар исходот на болеста се поголеми. И секако, да не се заборави почитувањето на мерките за заштита од вирусот“, вели д-р Зенделовска.

Се појавуваат случаи кога луѓе кои веќе прележале коронавирус подоцна повторно заболеле од вирусот, на што се должи тоа и како да се надмине?

– „Ако се земе предвид можноста за мутација на вирусот, претходна инфекција со SARS-CoV-2 не значи и сигурна заштита од нова инфекција, но помала е веројатноста за развој на тешка инфекција. Понекогаш дури не станува збор за реинфекција, туку за заостанат тек на инфекцијата. Затоа покрај антителата, многу е важен имунитетот на клетките и во таа насока сè почесто во последно време се објавуваат студии за позитивното влијание на антиоксидансите, особено на витаминот Д, реиши печурката, резвератрол, сулфорафан, мелатонин во превенција и третман кај пациенти со ковид-19“ вели д-р Зенделовска.

Дали имунитетот може брзо да се обнови после едно заболување?

„Ако сте излечени, не значи и дека сте оздравени. Сега по една година од почетокот на пандемијата, сè почесто ќе се зборува за долг ковид или постковид синдром, кој се јавува како последица на ковид-19 со симптоми како главоболка, замор, потење, кашлање, проблеми со памтење, оштетување на срцевиот мускул, фиброза на бели дробови, анксиозност, депресија, кои ќе бараат подолга рехабилитација со мултидисциплинарен пристап. Овој синдром може да остави трајни последици на здравјето.

Сакам да потенцирам, бидејќи ќе ни треба подолго време за да создадеме колективен имунитет, единствено што ни останува е да работиме на сопствениот имунитет.

 

Last modified on Четврток, 18 Март 2021 - 03:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.