Познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов почина денеска како последица од коронавирус, јавуваат српските медиуми, каде Зафир подолго време живееше и работеше.
Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Завршил гимназија и музичка школа во Скопје. Во 1967 година дипломирал глума во Белград, откако претходно запишал фармацевтска школа.
Зад себе Хаџиманов оставил 5.000 записи од македонски изворни песни. Речиси целиот живот го минува во Белград.
Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“.
Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Глумел во неколку филмови меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.
Тој настапуваше и на сцени во САД со мјузиклов „Виолинист на покривот“.
Зафир беше во брак со познатата Сенка Велетанлиќ, српска пејачка и актерка со која го има синот Васил Хаџиманов познат џез музичар со кој гостувал и на концертни настапи во Македонија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место