Македонија во гости ја порази фудбалска Германија

Среда, 31 Март 2021

Пандев во 45-та и Елиф Елмас во 90-та минута се изненадувањата на гостинскиот тим, репрезентацијата на Мекедонија која вечерва ја пречека репрезентативниот тим на Германија на теренор во Дуинзбург Германија и за изненадување во фудбалска Европа и светот, за водство на Македонија, реализираа победа од 1:2.

Македонските фудбалски избраници славеа победа со 1:2 над фудбалскиот гигант Германија.

Македонската фудбалска репрезентација успеа да запише три златни бода, три големи бода против силната Германија, шампионот од Бразил на СП 2014 година.

Дури и најголемите фанови на Македонија беше прашање дали веруваат во ваков резултат.  

Прво преку Горан Пандев во финишот од првиот дел дојдовме до водство со 0:1. Во вториот дел по една непотребна грешка во одбрана на Џани Алиоски, на домаќините им беше досуден пенал, кој го реализира Илкај Гундоган за 1:1.

Кога сите мислеа дека Германија ќе дојде до посакуваните бодови и победа со некој пресврт, Македонија повторно стапи на сцена. Акција во просторот на домаќините и Елиф Елмас умешно го матира Тер Штеген, за повторно водство на Македонија, кое подоцна се покажа како клучно.

Ова се големи, огромни бодови во квалификациите за СП2022 за Македонија, прв светски шампион кој сме успеале да го срушиме.

 

Last modified on Среда, 31 Март 2021 - 23:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.