Веќе трет ден се изведува масовна имунизација на населението против ковид-19 организирана од Министерството за здравство спроведена од медицински тимови во А1 Арената во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Меѓу илјадниците кои примија вакцина против коивид се и гевгелиските лекари како и здравствените работници од другите општини, припадниците на МВР, припадниците на Армијата на РСМ, следуваат воспитувачки во детски градинки, царински работници и вработените во дејностите кои имаат непосреден контакт со повеќе лица и ризик за заболување од ковид-19.
На регистраторот на овој чин изјава дадоа и гевгелиските лекари кои ги фати објективот на камерата:
- „ На сите граѓани им препорачувам веднаш да ја искористат првата можност со првата вакцина што ќе им биде понудена да го завршат овој чин, да се заштитат себе си, својата фамилија и својата околина“ изјави д-р специјалист офталмолог Зоран Јованов од Гевгелија, вработен во очното одделение при Општа Болница Гевгелија.
Порака за вакцинација до сите граѓани упати и медицинската сестра Лика од Детското одделение при Општа Болница Гевгелија која со ротациите на медицинскиот кадар беше ангажирана за работа во ковид центарот во Гевгелија: „Болниците се полни, преморени сме“, порача сестра Лика.
- „Превенцијата е пред лекувањето, значи да се спречи, а не да дојдеме во ситуација да мораме да се лекуваме“ изјави на јавна анкета меѓи стотиците присутни денес за вакцинација доктор Стојанче, стоматолог за деца вработен при Општа Болница Гевгелија.
Пријавите за вакцинација се одвиваат електронски преку системот „vakcinacija.mk“ и овде секој граѓанин речиси од дома, или од својот мобилен телефон може да го регистрира својот интерес за имуниизација против ковид-19.
- „Вакцинирајте се, тоа е спасот“, вели една постара граѓанка која исто така прими вакцина против ковид-19, за да можеме да се посетуваме, да го вратиме животот во нормала.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место