Д-р Окова: Во ОБ Гевгелија вакцинирани се 230 граѓани

Сабота, 10 Април 2021

Ванкциналниот пункт против ковид-19 отворен при Општа Болница Гевгелија деновиве е најпосетениот медицински оддел во гевгелиската Болница.
Одговорната докторка за ковид имунизација на населението од југот на Македонија д-р Тодорка Окова вели дека до сега овде се вакцинирани 230 граѓани.
- „Извонредно голем интерес за вакцинација искажуваат граѓаните од Гевгелија и регионот. Дневниот број на лица кај кои се аплицира вакцината се зголемува. До сега се пополнети сите термини за вакцинација до 16 април. Со оваа динамика Општа Болница Гевгелија за 10 дена ќе ги искористи сите примени количини на вакцини против ковид-19 доставени од Министерството за здравство“.

Д-р Окова е специјализант по трудова медицина која со почетокот на ковид пандемијата е повлечена (привремено) од специјализацијата на работа во Општа Болница Гевгелија во ковид одделението, а од 2 април е задолжена да ја спроведува вакцинацијата против ковид-19 над населението за кое е здравствено надлежна Општа Болница Гевгелија (општините Гевгелија, Богданци и Дојран).
Таа вели дека е особено задоволна од приемот на граѓаните кон прашањето за вакцинација. - „Во вакциналниот пункт доаѓаат и лица помлади од сегашната возрасна граница за вакцинација, помлади од 70 години, помлади од 60 години и прашуваат кога тие ќе може да се вакцинираат. Ние ги запишуваме на листата за вакцинација и со новите количини вакцина кои ги очекуваме да пристигнат, ги чекаме и упатствата од МЗ кога кои возрасни групи ќе бидат на ред за вакцинација“, вели Окова.

Младата докторка Окова која ковидот ја впушти во најсериозната практична работа во костец со коронавирусот вели дека е особено изнанадена од приемот на граѓаните на самата вакцина:
- „Доаѓаат со оптимизам во вакциналниот пункт, а заминуваат среќни, радосни, со насмевка. Толку се благодарни што се заштитени преку вакцинацијата од коронавирусот. Се заблагодаруваат за нашата работа и заминуваат насмеани од Болницата“.

Општа Болница Гевгелија со првата пратка прими 400 вакцини против ковид, а следните количини се очекуваат следната недела. Секој граѓанин над 70 години може да закаже термин за вакцинација преку системот „Мој термин“ преку својот матичен лекар.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.