Кривична пријава за гевгелиски угостител

Недела, 11 Април 2021

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19 поднесе СВР Струмица за правно лице од Гевгелија и управител на правното лице, исто од  Гевгелија.

Вчера, 10 април Секторот за внатрешни работи- Струмица поднесе кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Гевгелија и Т.Д. (35) од Гевгелија, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Дејствието за кое ги терети сторителите СВР Струмица, е регистриран на 19.09.2020 година, кога при заедничка инспекциска контрола вечерта околу 23.00 часот било констатирано дека објектот работи без да ги почитува здравствени протоколи.

Според Кривичниот законик на РСМ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидени се санкции според член 205 и 206. Во член 206 соодветен на горе сторениот прекршок КЗ пропишува:

(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

 

Last modified on Недела, 11 Април 2021 - 19:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.