Почина Д-р Билјана Ичева

Недела, 11 Април 2021

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи кај Гевгелија вчера почина на 61 годишна возраст. Таа имаше дијагноза ковид-19 и беше хоспитализирана на Инфективната Клиника во Скопје. На вирусот му подлегна во болнички услови.
Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт. Заврши Медицински Факултет во Скопје. Беше по потекло од Гевгелија, ученичките денови и младоста ги помина во Скопје, но летата на гости кај баба и' и по гевгелиското корзо. Овде ја најде љубовта на својот живот и стана гевгелиска снаа во семејството Ичеви, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, подоцна стана мајка на две деца, па специјалист на медицинската гранка „физикална терапија“.
Семејната  болка што ја направи коронавирусот во ова семејство е двојната битка за здравјето на сопружниците, двајцата доктори, во костец со ковид-19, укажувајќи колку здравствените работници се изложени на корона ризикот. Божин се избори за своето здравје со короната во своето тело, а Билјана им подлегна на компликациите настанати од коронавирусот и замина во вечните предели на спокојот.

Изгубената битка со короната на д-р Билјана Ичева за здравствениот систем во Гевгелија ја испишува тешката трета по ред загуба на медицинско лице активно ангажирано во здравствениот сектор во Општината.
По неа тагуваат вработените, колешките, кои поставија црни слики на своите фејсбук профили во знак на жалост за изгубената колешка, сограѓанка, другарка и пријателка. Велат ја изгубивме докторката со најшироката насмевка. А, Биљана се секираше што оваа ковид пандемија толку долго трае што ги нема редовните посетители на терапевтски третмани во Негорскита Бањи каде што работеше таа и со кои споделуваше не само совети за здравје, туку и прегратки, и насмевки, и многу човечност како бесплатна терапија која и' доаѓа да ја подари на пациентите така, од срце.

ИЈЗ вчера ја сподели информацијата за загубата на двајца ковид-пациенти од Гевгелија, едната бројка за 61 годишниот пациент (61 г.) беше Билјана која ја испиша 11-та ковид загуба во изминатата недела во Гевгелија, и воопшто, 57-та ковид загуба на наш сограѓанин од почетокот на пандемијата до денеска.

Почивај во мир Биљана.
Вечна благодарност за сите твои насмевки со кој ги грееше гевгеличани, ги „омекнуваше“ болките на пациентите, ја лечеше траумата на посетителите на Негорски Бањи, им оставаше сонце во сеќавање на тие што ќе посакаат повторно да ја посетат Гевгелија и познатите минерални топли води во Негорци.
Вечен спомен за тебе!



Last modified on Вторник, 13 Април 2021 - 02:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.