Топ Новости

Изложба на Мице Јанкуловски во АМАМ Гевгелија - 50 години творештво

Вторник, 13 Април 2021

Уметничката галерија АМАМ неделава ќе има посебно уметничко гостување на редок сликарски и светски докажан и наградуван творец, македонскиот ликовен уметник Мице Јанкуловски - Мицко.
Поводот за гостувањето е самостојна изложба по повод 50 години од неговото творештво, промоција на публикација и видео проекција, сето осмислено во амбиентот на еден вековен споменик на културата во Гевгелија на средба со полувековниот ликовен опус на МИЦКО.

Предизвикот за средба со делата на Јанкуловски и гевгелиската публика е дотолку повеќе исчекувачка, бидејќи тој не се претпсавува за прв пат во Гевгелија туку и е познат по гостувањатана јубилејната изложба на Галеријата „ОСТЕН“.

Неговата биографија вклучува повеќе од педесет самостојни изложби кај нас и во светот, како и забележителни претставувања на меѓународни манифестации и биеналиња, како во Санкт Петерсбург, Солун, Торино, Фиренца, Венеција, Ларнака, Варна...
Како признание за неговата работа, тој е наградуван со престижни награди, меѓу кои се: Наградата „Рембрант“ – за одличност во уметноста за 2020 од САВУ (Светската асоцијација за визуелни уметности); Наградата „Ел Греко“ - за најдобар уметник на АртТесалоники 2019, Грција; Наградата „Лоренцо Ил Мањифико“ – за животно остварување на Фиренца Биенале 2019, Италија; Наградата „Уметник на светот“ на Ларнака Биенале 2018, Кипар; ГРАН ПРИ на 19-то Меѓународно графичко биенале Варна 2017, Бугарија; Гран при (во 1997) на Светската галерија на карикатури Скопје; Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 1985 ... и многу други.

Освен уметнички, Јанкуловски има исклучително богат општесетвен живот преку кој активно придонесува за развојот на културата и уметноста во нашата земја и пошироко.
Тој е активен член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Здружението на карикатуристите на Македонија (како и негов актуелен претседател), на Федерацијата на карикатуристите (ФЕКО), а исто така е основач на „ОСТЕН Биеналето на цртеж“ и на „ОСТЕН Музејот на цртеж во Скопје“, РС Македонија.

Задоволството да го воспримите уметничката визуелизација на овој наградуван македонски уметник гевгелиската публика ќе го има на ден 15. април 2021 (четврток) во галерискит простор на гевгелискиот АМАМ.
Изложбата ќе гостува во Гевгелијаод 15 до 25 април, а свеченото отварање е закажано со почеток во 12:00 часот.
Ова е воедно и покана за уметничките вљубеници да го проследат настанот, секако со строго почитување на мерките за заштита од ширење на КОВИД-19 вирусот, односно почитување на мерките за задолжителна дистанца од 2 метри и задолжително носење на маска при влез и во текот на целиот настан.

Организатор на настанот е НУ Музеј - Гевгелија , во соработка со Галерија „ОСТЕН“ Скопје, а подржан од Министерство за култура на Република С. Македонија.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.