Кобен ковид ден: Почина 25 годишник од Гевгелија

Среда, 14 Април 2021

Младо момче на возраст до 25 години, жител на Гевгелија, со место на живеење во Скопје е најмладата ковид жртва регистрирана денеска во извештајот на ИЈЗ - Скопје.

Се работи за момче чие семејство е од Гевгелија и работно е преселено на престој во Скопје. Овде момчето се лечело во приватната болница „Систина“ со дијагноза ковид-19, но имало и хронично заболувањена, па поради настанати компликации предизвикани од присуството на коронавирусот во организамот, тоа подоцна им подлегнало на нарушувањата на функционирањето на органите во телото. Бидејќи личната карта и здравствената карта се водат со место на живеење и раѓање Гевгелија, оваа ковид загуба е регистрирана во извештајот на ИЈЗ за загуба на општина Гевгелија.

Црниот ковид извештај денеска го отежнува уште една ковид жртва, пациент на 76 години, кој исто така се лекувал во некои од скопските ковид клиники и им подлегнал на компликациите во организмот настанати од присуството на коронавирусот.

За жал, на трагичен начин, британскиот корона сој присутен и во Македонија, не' потсетува дека не бира возрасни граници и дека е смртоносен дури и кај помладите возрасни групи на население.

Со двете денешни ковид жртви Гевгелија испиша смртен билан од 59 свои граѓани кои им подлегнаа на компликациите од ковид-19. Во регионот на надлежност на ЦЈЗ веќе се регистрирани вкупно 70 ковид жртви за изминатите 14 месеци од почетокот на пандемијата до сега.

За непостојаноста и непредвидливоста на корона вирусот и неговото епидемиолошко опстојување меѓу луѓето и жителите од југот потврда е и најновиот извештај на ИЈЗ - Скопје кое за изминатите 24 часа констатирал нови 19 заразени со коронавирус (14 во Гевгелија, 5 во Богданци), наспроти 28 оздравени (23 од Гевгелија, 3 од Богданци и 2 од Дојран).

Моменталната корона слика на активни на ковид-19 изнесува:

- Гевгелија во моментот живее со 362 позитивни на коронавирусот и активни на ковид-19;

- Богданци е со 71 активни лица на ковид-19, и

- Дојран има 21 со активна корона состојба во организмот.

Вкупниот број на активни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија изнесува 454 и за Гевгелија и Дојран оди во надолна линија, а пораст од вчера има кај општина Богданци.

На ниво на држава бројот на активни лца на ковид-19 се покачи повторно над 20.000 и изнесува 20.106 лица. Денеска се регистрирани 949 новозаразени на направени 3.610 анализи на корона тестови, а 737 оздравени. Смртен исход со коронавирусот во своето тело имале 33 пациенти во изминатото деноноќие на ново на државата.

 

Last modified on Четврток, 15 Април 2021 - 04:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.