Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Недела, 18 Април 2021

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето солидни знаења пр совладувањето на наставнте програми. Доказ за тоа се наградите и високо пласираните места во одржаните општински, па и регионални натправари и пласманите за учество на државни натпревари. По успешните резултати на учениците по предметот физика, од вчера се нижат и освоените две први места и едно второ на натпреварот по англиски јазик на регионално ниво од страна на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија.

Носители на пласманите се учениците:
- Ристо Шуклев (V одд.) и
- Антониа Пантзартзи (VI одд.) и двајцата со освоени први места во своите наставни години.

Второ место во категоријата ученици од V одд. освои ученичката Нина Петкова.

Овој успех не е изненадување за нивните наставници и ментори, со самиот податок што тимот учесници од ова училиште беа апсолутни победници со освоено ПРВО место на општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 20.03.2021, а вчера тие покажаа одличен успех и на регионалниот натпревар кој се одржа во Гевгелија.

Сите ученици обезбедија пласман за учество на ДРЖАВЕН натпревар по англиски јазик.
Честитки до учениците за совладената наставна материја упати раководството на учииштето, како и на нивните ментори Марија Кангова и Викторија Андонова.

Среќно на Државен!

 

Last modified on Недела, 18 Април 2021 - 02:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.