Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно ниво

Понеделник, 19 Април 2021

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на општински натпревар по биологија го освои првото место и пласман на Регионалниот натпревар што ќе се одржи во мај годинава.

Тој во конкуренција на 16 ученици од општината од сите основни чилишта освои најмногу бодови вкупно 31 што е 63% од вкупниот број на бодови (49) со најдобар резултат постигнат во општината. Со освоените 63% од вкупниот број на бодови Андреј се стекнува и со трета награда на државно ниво по биологија, во конкуренција помеѓу вкупно 424 ученика од основните училишта во државата, на натпреварот по биологија за основните училишта што го организира „Македонското биолошко друштво“.

Зад него се Тамара Џишева од ООУ „Владо Кантарџиев“ со освоени 29 бодови (59% од вкупниот број на бодови), а трето пласирана е Софија Милосављевиќ од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци со освоени 28 бодови (57% од вк. бр. на бодови).

Пофалници за успешно покажаното знаење на општинскиот натпревар по биологија добија:
- Леана Јанковска - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија- (со освоени 26 бодови);
- Живко Станчев ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци - (23 бодови)
- Лилјана Мајсторова ООУ„В. Кантарџиев“ - (23 бодиви)
- Венеска Костадинова ООУ „Крсте Мисирков“ - (22 бодови)
- Јана Димитрова ООУ „Крсте Мисирков“ - (22 бодови)
- Симона Митрова ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци - (23 бодови).

Кај осмоодделенците достигнувањата беа помногубројни. ПРВО место во конкуренција помеѓу општинските основни училишта освои ученикот Љупчо Панов од ООУ „Крсте Мисирков“ кој освои 38 бодови, што е 78% од вкупниот број на бодови и со тоа се стекна и со награда за освоено трето место на државно ниво по предметот биологија во конкуренција помеѓу 380 ученици од осмите одделенија во државата.
Зад него се пласираа:
- Леонид Цуклев од ООУ „ Климент Охридски“ Миравци - (35 бодови) - 2 место
- Меланија Арнаудова ООУ „Крсте Мисирков“ (35 бодови) - 2 место
- Софија Иванова ООУ „Крсте Мисирков“ - (31 бод) 3 место и Пофалница
Сите се стекнаа со право на учество на Регионален натпревар.

Кај деветоодделенците најдобар учесник на општинскиот натпревар по биологија беше Сара Стамкова од ООУ„Владо Кантарџиев“ со освоени 42 бода (86% од вкупниот број на бодови) и освоено Второ место на државно ниво, во конкуренција помеѓу 302 ученика.
Уште тројца достигнаа високи бодовни резултати за Пофалница од организаторот:
- Јована Ѓореска од ООУ „Крсте Мисирков“ - 33 бода - 2 место
- Надица Крстевска ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци - 32 бода
- Петар Паласкаров ООУ„Владо Кантарџиев“ - 31 бод.

Од училиштта во Општината најдобар пласман има ООУ „Крсте Мисирков“ со две освоени Први места на општинско ниво, две Трети места на државно ниво, уште две Втори места, едно Трето место, 5 пофалници и осум освоени пласмани за учество на Регионален натпревар по биологија.

Честитки за сите добитници на награда, на освоените први места и останати пласмани, и многу среќа и знаење на регионаниот натпревар.
Честитки за успешниот презентиран труд на менторите над учениците кои вака со награди ни' покажуваат дека и за време на пандемија се постигнуваат успеси. Тоа се менторите:
- Тодорка Николова, ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
- Прошев Крунослав, ООУ„Владо Кантарџиев“ Гевгелија
- Љилјана Стамкова, ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци, и
- Елизабета Јаневска, ООУ „ Климент Охридски“ Миравци.

Регионални натпревари по биологија се закажани за 12 мај 2021 година.

 

Last modified on Понеделник, 19 Април 2021 - 03:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.