Д-р Окова: Вакцинирани 538 граѓани во Општа Болница Гевгелија

Вторник, 20 Април 2021

Заклучно со денешниот ден во вакциналниот пункт за имунизација против ковид-19 во Општа Болница Гевгелија вакцинирани се 538 граѓани на општина Гевгелија и регионот. Сите вакцинирани лица се повикувани електронски според Националниот план за имунизација на населението и се над 70 годишна возраст.

Ова значи целосна искористеност на распределените вакцини против ковид-19 од доделените за регионот на здравствена надлежност на Општа Болница Гевгелија од страна на Министерството за здравство.

Напоредно со пријавените интересенти по системот „Мој термин“ со претходно евидентиран интерес за вакцинација на системот „Вакцинација.мк“ тимот задолжен за вакцинирање во гевгелиската болница креирал 114 нови термини за вакцинација на заитересираните граѓани од оваа возрасна група кои самите се пријавувале доброволно за да примат вакцина во Гевгеија.

- „Вакцинирањето е една од клучните заштитни мерки од ширењето на коронавирусот заедно со постојните активни мерки: носење заштитна маска, држење дистанца и хигиена на рацете. Граѓаните треба и понатаму да ги применуваат истите заради своја заштита и заштита на другите од семејството и блиските. Заедно со вакцинацијата ќе се добие најдобра заштита од ковид-19,, неопходна за сузбивање на епидемијата, а со тоа и ослободување на социјалните и економски стеги што ги наметна и предизвика пандемијата, за да може општеството да продолжи напред“, изјави за GevgelijaNet д-р Тодорка Окова, задолжена за имунизација на населението против ковид-19 во Општа Болница Гевгелија.

Д-р Окова потврди дека се искористени сите пристигнати вакцини во Гевгелиската Болница и истите се аплицирани врз граѓаните без никакви непожелни манифестации од вакцината.
Таа и денеска, после изминатите 13 дена активна вакцинација, го потврди оптимизмот на вакцинираните граѓани, како после приемот на вакцината, така и пред самото доаѓање на вакцинација. За ова сведочи примерот од една граѓанка на Гевгеклија, која терајќи ги старите домаќински правила скинала китки од лалиња од својот двор дома и со радост ги донела на вакциналниот тим искажуваќи на таков начин благодарност и среќа за подареното здравје и здравствена сигурност која во ова пандемско време ја пружа вакцината против ковид-19.

Овие 538 вакцинрани во Гевгелија заедно со приоритетните лица во работната инфраструктура во земјата која според позициите е изложена на корона ризик, а тоа се приоритетните групи варботени воздравствениот сектор, МВР, Армија, воспитувачи во градинка, наставници од I до III одделение, цариници, работници на наплатни рампи, новинари, кои се вакцинира во Скопје во Арената „Борис Трајковски“, во Гевгелија вкупниот број на имунизирано население од ковид-19 изнесува над 1.000 лица.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во Гевгелија и регионот има вкупно 2.257 оздравени од ковид-19, што е индикатор за постоење на антитела во организмот на лицето кое било позитивно на корона. Тоа ја зголемува бројката на имуно население од ковид-19 на околу 3.000 лица.

Д-р Окова вели дека за сега чекаат инструкции кога ќе пристигнат нови дози на вакцини и кога би се намалила старосната група за вакцинирање на граѓаните.
Засега во државаѕа има вакцинирано над 40.000 граѓани, а над 170.000 искажале интерес за вакцинација преку системот „вакцинација.мк“

Фото: вакциналниот тим при ОБ Гевгелија д-р Тодорка Окова со медицинската сестра Марија Пеева, по завршувањето на вакциналните приеми на граѓани ја средуваат евиденцијата на вакцинирани, во разубавениот амбиент од природното цвеќе собрано од дворот на благодарна граѓанка на Гевгелија

Здравје за сите!

 

Last modified on Вторник, 20 Април 2021 - 18:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.