Петок и понеделник неработни денови, празниците без полициски час

Понеделник, 26 Април 2021

Велики Петок, ден пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Неработен ден за сите македонски граѓани е понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар.

Ова е согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), а потсетува Министерството за труд и социјална политика на РСМ, кој воедно на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Освен неработните денови, денеска министерот за здравство Венко Филипче најави слобода за движење без важење на полициски час за граѓаните за време на Велигден, односно вечерта сабота спрема недела кога нема да важи ограничувањето на движење од 21 до 05 часот. Сепак, одредбите за работа на угостителите остануваат да важат само за отворените летни тераси и ќе можат да работат и за време на празниците се' до 21:00 часот.
Слобода за движење на граѓаните ќе биде одобрена и за време на муслиманските празници, според препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Предлогот ќе оди на одобрување на седница на Влада на РСМ/

- „„Верските празници кои доаѓаат треба да бидат во духот на почитувањето на мерките и ги замолуваме сите граѓани да ги почитуваат мерките, да држат дистанца, да не се групираат“, велат од Министерството за здравство.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.