Христос воскресна! Гевгеличани празнуваа полноќно

Недела, 02 Мај 2021

Големиот Христијански празник Воскресение христово вечерва беше одбележан во сите храмови на Македонската православна црква, а во Гевгелија централната манифестација беше во манастирот „Св. Спас“. Традиционално голем број верници го проследиј настанот, но поради здравствените протоколи во помал обем од минатите години.

На полноќ со биење на камбаните, со огномет беше објавена радостата вест: Воскресението Христово !

Христос воскресе, навистина воскресе е поздравот со кој Христијаните во наредните три денови ќе се отпоздравуваат меѓу себе ширејќи ја веста за победата на Спасителот на животот над смртта.
Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек.Црковните сослужители со објавата на радосната вест го извршија и традиционалното чукање со црвени вапсани јајца, каде црвената боја ја има симболиката на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Претходно, во текот на денот Благодатниот оган пристигна и во Гевгелија во манастирот „Св. Спас“ од каде беше препратен и низ сите цркви во Гевгелиското архиерејско намесништво.
Настанот на Христовото Воскресение го проследија многу верици низ црковните храмови во Гевгелија и околината, се разбира со примена на заштитни маски, дистанца, согласно ковид протоколите. Вечерва немаше полициски час и полноќната литургија ја проследија без ограничување сите желни за присуство на црковната литургија Воскресение Христово.
Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!
„Христос воскресна! Навистина воскресна!“

Last modified on Недела, 02 Мај 2021 - 03:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.