Втор ден од Мај со две нови ковид жртви на југот

Недела, 02 Мај 2021

Вториот ден од мај како и првиот носи две нови ковид жртви во регионот на ЦЈЗ Гевгелија. Денеска ИЈЗ известува за смртта на 72 годишен жител на Богданци со дијагноза ковид-19 како резултат на настанати компликации од коронавирусот.
Втората жртва е жител на Гевгелија, стопанственикот Ристо Чабулев, кој после неколкудневен третман во Инфективна клиника во Скопје им подлегнал на компликациите од вирусот настанати во организмот. Неговата смрт не е евидентирана денеска во извештајот на ИЈЗ-Скопје, бидејќи смртта настапила по поднесениот дневен корона извештај на Институтот. Веројатно ќе биде дел од утрешниот опфат за корна состојбата во следниот пресек на деноноќието.

Корона билансот за регионот на ЦЈЗ за изминатите 24 часа носи „нула“ нови случаи, но и 9 оздравени, и тоа 6 во Гевгелија, 2 во Богданци и 1 во Дојран (во општински рамки).

Моменталниот корона статус на активни случаи е 290 лица вкупно на ново на регионот на ЦЈЗ Гевгелија (за 10 помалку од вчера) и тоа со следниот распоред:
- Гевгелија 224 активни ковид-19 случаи,
- Богданци во моментот е со 60 активни случаи,
- Дојран има 6 активни случаи.

На нивo на државата продолжува трендот на четворократно поголем број на оздравени од новозаразени со корона. Евидентирани се 403 оздравени пациенти наспроти 105 нови случаи на ковид-19 на направени 946 тестви, но за жал и 45 починати лица од кои 20 пациенти се починати во периодот од 29.03-10.04.2021 во болнички услови (во приватни клиники кои сега ги доставуват податоците до ИЈЗ-Скопје).

Денеска Македонија е се намален број на активни случаи на ковид-19 и нивната бројност е 14.276 лица.

 

Last modified on Недела, 02 Мај 2021 - 21:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.