Конечно добра вест: 13 оздравени, „0“ нови случаи на корона во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Понеделник, 03 Мај 2021

Конечно добра вест од дневниот корона извештај на ИЈЗ за 24 часовниот пресек на состојбата со коронавирусот во државата.
За регионот на ЦЈЗ Гевгелија во извештајот на МЗ и на ИЈЗ стои дека се евидентирани 13 оздравени пациенти од ковид-19, од нив 10 се од општина Гевгелија, а 3-ца од општина Богданци.
Нема новозаразени, нема починати лица во изминатото денонокие во регионт на ЦЈЗ Гевгелија, на пациенти заболени од ковид-19.

Ваква оптимистичка состојба на опаѓање на бројот на новозаразени, а пораст на бројот на оздравени е регистриран и во рамките на државата. Денеска нивниот број е двоцифрен, само 62 нови случаи на корона инфицирани, наспроти 398 оздравени. Дури и бројот на активни случаи во државата спадна под 14.000 и денеска изнесува 13.915 лица. Бројот на починати изнесува 25 и е преполовен од вчершниот извештај за смртни случаи како последица од корона.

Дека времето за опуштање уште не е дојдено зборува податокот на се' уште 277 активни лица со ковид-19 во регионот на ЦЈЗ Гевгелија, со следниот територијален распоред:
- Гевгелија во моментот има 214 активни случаи на ковид-19,
- Богданци е со 57 случаи на позитивни на коронавирусот,
- Дојран останува и понатаму со 6 активни лица со ковид-19.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.