Продлжува трендот на оздравување од ковид-19 во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Вторник, 04 Мај 2021

Втор ден како продолжува трендот на оздравени пациенти од ковид-19, а „нула“ нови случаи на заразени и „нула“ починати во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија, што ги опфаќа општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Институтот за јавно здравје од Скопје денеска известува за 12 оздравени во регионот на ЦЈЗ Гевгелија (9 во Гевгелија, 2 во Богданци и 1 во општина Дојран).

Заедно со оптимистичката слика за пораст на бројот на оздравените и „мирување“ на короната без нови случаи на инфицираност е и состојбата со вирусот во државата. Денеска корона билансот за изминатите 24 часа на ново на држава носи податоци за 67 новозаразени од вирусот корона и 792 оздравени на направени 1.169 тестови.
Процентот на дневно инфицирани спадна на само 5,7% што е осетен пад на „корона владеењето“ меѓу населението во Македонија.

Со тоа бројот на аkтивни случаи со дијагноза ковид-19 продолжува да паѓа веќе цела недела и денеска изнесува 13.169 лица корона позитивни на ниво на државата.

Граѓанската дисциплина вроди со плод, како и почитувањето на анти-корона мерките и рестриктикциите за движење на граѓаните. Но, вирусот не дозволува опуштање се' до негво конено елиминирање од средината во која живееме и работиме. Бројките на активните случаи во регионот на ЦЈЗ и понатаму упатуваат на претпазливост и почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу луѓето, а тие изнесуваат вкупно 266 лица во регионот на ЦЈЗ, по следниот распоред:
- Гевгелија денеска има 206 активни лица на ковид-19,
- Богданци денеска живее со 55 активни на вирусот корона, а
- Дојран има 5 активни случаи на ковид-19.

Да го продолжиме трендот на оздравување и неширење на вирусот. Човештвото мора да победи над оваа здравствена, а за некои за жал и смртоносна закана.

 

Last modified on Среда, 05 Мај 2021 - 17:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.