Д-р Окова: Од утре продолжува вакцинацијата против ковид во Општа Болница Гевгелија

Вторник, 04 Мај 2021

Процесот на имунизација на граѓаните од вирусот Sars-Cov-2 (коронавирус) продолжува од утре во просториите на Општа Боница Гевгелија. Денеска од Министерството за здравство до гевгелиската Болница доставени се 300 нови дози вакцини против ковид-19. Станува збор за кинеската вакцина „Синофарм“ која на 30 април прстигна во Македонија.

Доктор Тодорка Окова која е задолжена за вакцинација против ковид-19 за жителите од регионот на здравствена надлежност на гевгелиската Болница, денеска за GevgelijaNet изјави дека вакциналниот пункт од утре ќе работи во нови простории.

- „Веќе се направени адаптирања во поранешното Кожно одделение на Болницата, кое еден период функционираше како Пункт за земање брис за корона тест, од утре да започне да функционира како Вакцинален ПУНКТ против ковид-19, каде треба да се упатуваат сите граѓани кои имаа закажана вакцинација и потврден термин за апликација на истата“.

Д-р Окова нагласува дека: „Oд утре од 8:00 часот започнува вакцинацијата во новиот Пункт и тоа за закажаните граѓани над 70 годишна возраст преку системот „vakcinacija.mk“. Системот сам по автоматизам пристапува во системот „Мој Термин“ кој досега го пополнуваа матичните лекари и сам креира точен термин за вакцинација за кое што граѓанинот ќе биде известен преку СМС порака на мобилен телефон, или со електронска порака на e-mail. Значи, организацијата на вакцинацијата против ковид овој пат ги ослободува од обврска матичните лекари за креирање „Мој термин“ за упатување на вакцинација“, дополнува д-р Окова.

- „Морам да нагласам дека сите 300 дози за вакцинација ќе бидат распоредени од утре, па граѓаните од возрасните групи над 70 години кои се пријавиле доброволно за вакцинација против ковид можат да очекуваат електронска или СМС порака за одобрување и назначување точен термин за вакцинација. Инаку, одзивот на гевгеличани е голем, како на возрасните групи над седмата деценија од животот, така и на постарите генерации од 80, па и над 90 години“ изјави д-р Окова, на задоволство на корона заштитените и имунизирани граѓани од Општината.

Вакциналниот пункт во Општа Болница Гевгелија ќе работи од 08:00 часот до 13:00 часот секој работен ден и сабота, со тимот во состав д-р Тодорка Окова и медицинската сестра Марија Пеева.

До сега, со почетокот на имунизацијата во Општа Болница Гевгелија има вакцинирано 650 граѓани. Заедно со вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје на вработените од ризичните инфраструктури на државата (МВР, Армија, здравствени работници, наставници, воспитувачки во градинки, вработени на наплатни рампи, царинарници, стоматолози, новинари) бројот на имунизирани граѓани  против корона од Гевгелија и регионот изнесува над 1.100 лица.  Заедно со бројот на оние кои прележале ковид-19 и преминале во графата на оздравени, стекнувајќи се со антитела и природен имунитет од корона, а во регионот нивниот број изнесува вкупно 2.456 граѓани, тогаш прагот на имунизирани граѓани во регионот на надлежност на Општа Болница Гевгелија преминува над 3.500 лица.

Имунизацијата продолжува се' до конечно исчезнување на короната од нашиот животен и работен простор и елиминирање на корона заканата за човештвото.

 

Last modified on Среда, 05 Мај 2021 - 17:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.