Стан за семејството на донорот на органи Верица Белчовска

Петок, 07 Мај 2021

Срце, бубрези, црн дроб, коскена срж, коскени продукти и други органи по тешката сообраќајна несреќа и констатираната мозочна смрт, беа донирани од телото на младата Верица Белчовска со согласност на нејзиното семејство.
За големиот хуманизам и алтруизам Комисијата за стамбени прашања при Владата на РСМ денеска одлучи да им додели стан на користење на семејството од село Русино, Беровско, коа барајќи работа за егзистенција привремено беа преселени во Струмица, а овде нивната ќерка 20 годишната Верица доживеа трагична сообраќајна несреќа.

За ваквиот гест на владината комисија извести министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој претседаваше со седницата. Тој на социјалните мрежи напиша:

- „Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.
Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост“ - напиша во својот пост на Фејсбук министерот Бочварски. 

Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна...

Posted by Blagoj Bochvarski on Friday, May 7, 2021

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.