Д-р Окова: Вакцинирани 867 граѓани во Општа Болница Гевгелија

Сабота, 08 Мај 2021

Вакцинацијата против ковид-19 која се одвива во вакциналниот пункт во Општа Болница Гевгелија, од почетокот на имунизацијата во Гевгелија до сега има аплицирано 867 дози на вакцини на исто толкав број на граѓани.

Ова ни го изјави д-р Тодорка Окова, специјализант по трудова медицина која ја време на пандемијата годинава ја доби најодговорната задача во општинскиот здравствен систем, најпрво да се грижи за ковид болните, а сега да ја спроведува имунизацијата на населението од вирусната закана ковид-19.

- „Бројот на досега вакцинирани расте, а интересот од ден на ден се зголемува. Заклучно со понеделник остануваат уште 40 дози за апликација на веќе закажани граѓани, сите на возраст над 70 години старост. Потоа, очекуваме достава на нова доза вакцини за да ја продолжиме вакцинацијата против ковид во регионот. Можеби тоа да биде и утре“ - изјави за GevgelijaNet д-р Т. Окова.

Таа вели дека тимот составен од еден лекар и медицинска сестра Пенова на секои 5 до 10 минути изведуваат по една вакцинација и се без минутка пауза. Процесот на работа почнаа да го отежнуват незадоволни граѓани кои добиле термин за вакцинација во регионалните пунктови за вакцинација во државата, а доаѓаат тоа со барање да го остварат во Општа Болница Гевгелија. Вакциналниот пункт во Општа Болница Гевгелија за секоја од примените дози вакцини однапред имаат креирани термини за вакцинирање на конкретен број граѓани по дата и час, Тоа не може да се наруши, ниту пак системот „Мој термин“ дозволува креација на нов термин за граѓаните кои сакаат наместо во регионален да се вакцинираат во општинскиот вакцинален пункт, објасни д-р Окова.

Се работи за процес на масовна вакцинација која почна да се изведува во државата со организирани сали за вакцинирање во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Битола. Гевгелија е во редот на општините каде се изведува вакцинација во болнички услови.

Заедно со 2.522 оздравени граѓани од регионот на здравствена надлежност на Општа Болница Гевгелија, кои се стекале со природен имунитет после прележаниот ковид, и веќе вакцинираните граѓани со работни позиции од критичната инфраструктура на државната администрација, како и вакцинираните во регионалните пунктови за вакцинација во државата, досега во општина Гевгелија и регионот имунизирано е население од над 4.000 граѓани. 

- „Само вчера аплицирани се 13.725 дози вакцини.Во државата вкупно се вакцинирани 118.984 граѓани, а со последните бројки 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина. Интересот за вакцинација расте од ден во ден, а напоредно со тоа ги надградуваме и капацитетите со што до средината на летото, во зависност до достапноста на вакцини, можеме да постигнеме колективен имунитет“ - изјави минитерот за здравство Венко Филиче и порача: „Пријавете се за вакцинација на www.vakcinacija.mk“

Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација, што е показател дека системот за масовно вакцинирање функционира...

Posted by Венко Филипче on Saturday, May 8, 2021
Last modified on Сабота, 08 Мај 2021 - 22:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.