Топ Новости

„Одиме на Европско“ - нова навивачка химна на Македонија

Недела, 09 Мај 2021

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“ која е во изведба на групата ВИС Рисови и претставува најава на деби-учеството на нашиот национален тим на еден голем настан.

Македонската репрезентација ова лето за прв пат во својата историја ќе настапи на едно големо фудбалско натпреварување, а како што доликува, нашите фудбалери во Букурешт и Амстердам ќе ги испратиме со новата навивачка химна „Одиме на Европско“, а песната го доби и својот видео запис.

Во спотот, покрај дел од фудбалерите како Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Несторовски, Ристовски, Муслиу, се појавува и селекторот Ангеловски, како и многу други статисти како и познати ликови од нашата земја како Игор Стефановски Иџе и Катерина Ивановска.

Сениорскиот тим ќе биде дел од ЕП 2020 кое ќе се одржи во повеќе земји, а токму затоа направена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата. Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина, а групите се во Букурешт и Амстердам.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.