Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Национално Триатлон првенство викендов во Дојран

Петок, 28 Мај 2021

Општина Дојран и годинава традиционално е домаќин на Државното триатлон првенство што го оргнизиира Триатлон Федерацијата на Македонија. Викендов од 29 до 30 мај во Дојран ќе престојува и ке ги испишваат рекордите 103 триатлонци од сите возрасни категории од државата.

Денеска попладне во Дојран беа поделени стартните броеви на 46 натпреварувачи од неколку спортски триатлон клубови од државата, меѓу кои „Софка“, „Triogi“ од Скопје, „3Disciplins“. Натпреаварувачите се на возраст од 2009 до 2014 година на раѓање. и ќе земат учество во сите три задолжителни категории: трчање, возење велосипед, пливање.

Првата трка е планирана за утре, сабота, (29.05.2021 год.) со старт во 08:30 часот.

Втората екипа на натпреварувачи, вкупно 57 на број, ќе ги добијат своите стартни броеви за трката утре претпладне од 11:00 до 13:00 часот кај Јаворите на Градската плажа, најавува организаторот. Тие ќе бидат учесници на втората триатлон трка што ќе се одржи во недела, а во прашање се триатлон сениорите во државата, јуниори, кадети и мастери на триатлонот во Македонија..

Неделната триатлон трка е со почеток во 09:30 часот, (30.05.2021 г.)

Добри води, лесни нозе за тркачите а за сите намерници овој викенд во Дојран е загарантиран успешен спортки ужиток покрај тркачките стази кои поминуваат низ улиците на Дојран, а публиката се сите околни гледачи, поддржувачи и бодречки настроени посетители на Дојран.

Добар спортски повод претстојниот викенд да го посетите Дојран и да ја видите и бодрите младата триатлон сила на Македонија низ улиците на Дојран.

 

Last modified on Петок, 28 Мај 2021 - 23:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.