Водите на Дојранското езеро безбедни за капење

Петок, 04 Јуни 2021

Најужното летувалиште во државата Дојранското езеро е со безбедна вода за капење и рекреирање на граѓаните, велат најновите лабораториски наоди за квалитетот на водата на езерото што ги направи Институтот за јавно здравје од Велес.
Ова е редовна законска активност на ИЈЗ Велес за испитување на рекреативните води на езерото пред почетокот на туристичката сезона.
Овој заклучок го објави Општина Дојран споделувајќи за јавноста резултатите од најновото испитување на водата на Дојранското Езеро.

– „Резултатите покажаа дека водата од Дојранското езеро е во одлична состојба и дека е безбедна за капење и рекреација на посетителите“, со задоволство изјави градоначалникот Анго Ангов кој посочи оти примероци за анализа биле земени од три локации, поточно од Градската плажа и од плажите „Полин" и „Гранико".

Во извештаите на Центарот за јавно здравје од испитувањата на водата се истакнува непроменетата одлична состојба на водата со параметри кои немаат штетно влијание по здравјето на луѓето.

Од локалната самоуправа истакнаа дека уште неколку пати ќе се тестира квалитетот на водата во Дојранското Езеро,во текот на месеците јули и август.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.