Донација за третиот донорот на срце во државата

Петок, 04 Јуни 2021

Хуманоста за донираното срце нема цена, но човечноста да се изрази почит на високиот чин на алтруизам од страна на семејството, прв го ефектуираше Советот на општина Центар.

На вчера одржаната 65 седница Советот донесе Одлука за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи

- „Како Општина Центар, ова е најмалку што можеме да направиме и да му се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000 денари од буџетот на Општината, а средствата ќе му ги донираме на нејзиното семејство“, изјави Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар..

Средба со семејството на Василковска неодамна оствари и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека 40-годишната Јасмина била мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа.

Ова е трет случај на трансплантација на срце во земјава. Претходно донори беа Емилија Динева од Дојран и Верица Белчовска од Радовиш, и двете трагично го изгубија животот во сообраќајни незгоди.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.