Македонија со 4 гола во мрежата на Казахстан!

Петок, 04 Јуни 2021

Европското фудбалско првенство може да почне - Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за деби настапот на Европските првенства ова лето. Ова е општиот впечаток по победата со резултат 4:0 над Казахстан во вториот пријателски натпревар пред вистинскиот тест на момците на Игор Ангеловски, мечевите со Австрија, Украина и Холандија, далеку пореномирани и поопасни противници.

Откако во првиот подготвителен меч, победата ни избега во последните минути од мечот со Словенија (1:1), овојпат немаше сомнеж кој е подобриот тим.

Резултатот го отвори ѕвездата на Лидс, Џани Алиоски, откако во 35. минута беше прецизен од белата точка по фаулот над Елиф Елмас. Работата на македонските репрезентативци стана полесна кога Серикан Мужиков доби црвен картон во финишот на полувремето.

Во второто полувреме македонската агресивност вроди со плод во 57. минута кога Пандев испрати одлична топка до Костадинов, а по неговата асистенција во противничкиот шеснаесетник, Тричковски од 7-8 метри погоди за 2-0. Со ова Иван Тричковски го оправда стартерското место. По овој резултат селекторот Ангеловски направи повеќе измени во нашиот тим, поставувајќи го во игра Александар Трајковски, кој одговори со две асистенции, прво до Милан Ристовски во 74. минута, а потоа и до Дарко Чурлинов две минути подоцна.
Вечерва, меѓу избраниците на Игор Ангеловски во тест натпреварот пред ЕУРО 2020 на теренот од националната арена „Тодор Проески“ настапи и гевгелискиот репрезентативец Тихомир Костадинов.

Првиот натпревар на ЕП, Македонија ќе го игра на 13 јуни во Букурешт против селекцијата на Австрија.



Last modified on Сабота, 05 Јуни 2021 - 03:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.