Мијалков останува во Шутка, одлучи Апелација

Понеделник, 07 Јуни 2021

Апелацискиот суд во Скопје го потврди решението на Кривичен за одбивање на гаранцијата на поренешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, со што тој останува во притвор во Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Од Апелација за МИА, потврија дека денеска е одлучувано по жалбата, дека е потврдено решението и Сашо Мијалков останува во притвор.

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје на 20 мај, донесе решение, со кое ја одби понудената гаранција од околу 10,8 милиони евра за Мијалков да се брани од слобода, на што тој вложи жалба пред Апелација.

Сашо Мијалков се наоѓа на издржување мерка притвор за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој е неправосилно осуден и на 12 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“, додека на 17 јуни треба да ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“.

Против него се води и судски процес за случајот „Титаник 2“, а осомничен е и во истрагите „Империја“ и „Плацови на Водно“, за која неодамна беше поднесено обвинение и се чека одлука на судот дали ќе го прифати.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.