Видео: МК репрезентацијата тргна на Европско

Вторник, 08 Јуни 2021

ЕУРО 2020 ќе ги пречека нашите фудбалски репрезентативци во Букурешт. Утрово испратени со црвен автобус на ФФМ, со народниот обичај „потурање на вода“ - за лесно да им биде патувањето, а играта на терен да им тече лесно како вода.

Непосредно пред да заминат од хотелот “Хилтон“ и се упатат кон аеродромот, од каде полетуваат во 10:30 часот, утринава свое обраќање имаше и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Тој покрај другото им посака многу среќа, успешен настап.

Сите тестови на коронавирус во македонската експедиција се негативни и во комплетен состав се патува за Романија.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во градот каде ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.

„Црвено-жолтите“ на ЕП се наоѓаат во Ц-групата. Тие на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам.

СО СРЕЌА МОМЦИ, ГАЗЕТЕ!

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Добредојде на летото – денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна

Повеќе

Ден задушница - Гевгеличани ја испочитуваа традицијата

Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од

Повеќе

Огнената драма кај Калдрмата, Нов Дојран успешно ликвидирана

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран

Повеќе

Меморијален турнир за Бранко Николиќ

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на

Повеќе

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република

Повеќе

Првенци полуматуранти од ООУ Гевгелија - учебна 2020/21

Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на

Повеќе

Од полноќ нема полициски час

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00

Повеќе

Бесплатна патарина за српските туристи низ автопатот „Пријателство“

Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските

Повеќе

Aктерката Стојановска осуденa на 3,5 години затвор, за шверц на кокаин, а

За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање

Повеќе

Укинување на полицискиот час, враќање на свадбите - предлог на КЗЗ

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.