Топ Новости

Меморијален Баскет турнир во чест на Пенов

Среда, 16 Јуни 2021

Кошаркарските другари на младиот и надежен гевелиски член на првиот тим на КК „Кожув“ од Гевгелија, Иван Пенов, кој прерано почина на 18 годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа на 20 февруари годинава, смогнаа организациони сили и спонзори за изведување на Меморијален турнир во баскет кој ќе биде посветен на Пенов.

Меморијалниот баскет турнир ќе опфати кошаркари, играчи само од општина Гевгелија на возраст од 2000 до 2011 година на раѓање. поделени во две групи за игра 3х3 и грпуа од 4 играчи (3+1).

Обезбеден е и награден фонд од 700 евра кој ќе биде распореден на следниот начин: 400 евра за освојувачот на Прво место, 200 за второпласираната екипа и 100 евра за третопласираната екипа.
Предвидени се и награди за: Победник во шут за 3 поени, MVP на турнир и MVP на финале.

Сите натпревари се планирани да се одиграт на игралиштето позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија.

Турнирот ќе се држи од 30 јули до 4 август и ќе има третман на сеќавање наместо помен за шестмесечната загуба на овој млад живот. Иван Пенов последната кошаркарска сезона годинава пред трагичниот настан беше регистриран во првиот тим на КК „Кожув“, а настапуваше и за јуниорскиот тим на тимот од Гевгелија.

За него верните навивачи од „Фантоми Север“ за кобниот настан во кобниот ден напишаа: „Еден од нашите млади надежи не' напушти без последен поздрав“.
Од 30 јули гевгеличани ќе можат да навиваат и да аплаудираат во сеќавање на Иван Пенов, гевгелиската „6-ка“ која растураше на кошаркарскиот паркет и да ја поздравуваат младата кошаркарска сила во Гевгелија која не го заборавила.

Пријавите за учество на турнирот се во тек на тел: 078/ 868-807



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.