Топ Новости

Нов македонски рекорд на ЕП во атлетика

Недела, 20 Јуни 2021

Прв ден на Европското Првенство во атлетика во Кипар, Македонија со одличен победнички старт. Најдобрата македонска атлетичарка Дрита Ислами имаше одличен старт на Европското екипно првенство Трета Лига кое се одржува во Лимасол и постави нов личен и државен рекорд.

Ислами постави нов рекорд во категоријата 400 метри со пречки. Македонската атлетичарка заврши прва со време 57.53 сеунди, што е еднакво на 1.095 бода според таблицата на светската атлетика!

Овој резултат е подобрување од повеќе од една секунда на претходниот македонски рекорд, 58:66, поставен токму од Ислами на 29 мај оваа година.

Во видеото е презентирана трката на Дрита со старт на патеката 4, која во првите двеста метри ги претекна сите тркачки и избивајќи напред до крај стигна прва на целта без никаква закана некоја од такмичарките да и се приближи.


Македонската Атлетска Федерација не ја крие возбудата дека ова се „Феноменални вести за македонската атлетика кои доаѓаат од Лимасол, Кипар. Каков почеток на првиот ден од Европското екипно првенство, 3-лига во Лимасол со Drita Islami“ - напишаа од Атлетската Федерација на Македонија на социјалните мрежи.

 

Last modified on Недела, 20 Јуни 2021 - 20:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.