Топ Новости

Локализиран пожарот кај Топлец, Гевгелија

Среда, 23 Јуни 2021

По осум часовна акција на екипите на ТППЕ Гевгелија и ШС „Кожув“ од Гевгелија денеска во 21 часот локализиран е пожарот кај Топлец во близина на Гевгелија.

Пожарот беше пријавен на 193 во 13:45 часот од кога екипи на ТППЕ и ШС се упатија на терен и тоа 6 пожарникари со две возила од ТППЕ и 5 работници од гевгелиското Шумско стопанство..
Сувата вегетација и тивкиот ветар не им ја олеснуваше работата на екипите за гаснење на пожарот.
Мораше да се работи на чистење на појас од ниско стеблеста вегетација со кој ќе се пресече „патот“ на „движењето“ и пренесувањето на пламените јазици од огнот. Ова значи локализирање на пожарот и оставено е во текот на ноќта тој самиот во оградениот појас внатрешно да догорува.

Ова беше причина гевгеличани во текот на денот да чувствуваат мирис на чад и тежок воздух за дишење, што беше последица на неколкучасовното дивеење на пожарот.

- „Утре наутро дежурни екипи на гевгелиската Противпожарна служба заедно со работници од Шумско стопанство ќе извршат контрола на опожарениот терен со цел да се констатира дали пожарот е се' уште под контрола во рамките на оформениот појас за локализирање, или конечно е ликвидиран“ - изјавија за GevgelijaNet од дежурната служба на ТППЕ Гевгелија.

Причините за појавата на пожарот кај Гевгелија се' уште не се утврдени, но, пожарникарите се сомневаат дека се работи за човечки фактор.

Месноста Топлец гореше и во 2014 година кога огнот се „симна“ и во градската зона, па гореа овоштарници, насади со лозја, објекти од земјоделски стопанства, а граѓаните се сеќаваат дека на небото летаа догорени саѓи од изгорената дрвна маса и тежок мирис на зачаденост.

Високите температури, сувата вегетација, налагаат внимателност при престојот во природа заради опасноста од опожарување кое може да предизвика поголема и подолготочна штета за природата и нашата животна средина.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.