Топ Новости

Македонска каратистка ќе настапи на ОИ во Токио

Четврток, 24 Јуни 2021

Пуликсенија Јованоска е македонска каратистка, спортист на годината за 2019, носител на меѓународни медали, а за годинава се избори да биде претставник на Македонија на Летните Олимписки Игри што ќе се одржат во Токио, Јапонија.

Можеби не нè бива за некои спортови, но во боречки вештини секогаш сме биле јаки!
Младата и надежна каратистка Пуликсенија ќе настапи во дисциплина на кати, натпреварување кое ќе биде за првпат дел од олимписките игри.
Пулексенија Јованоска е најдобрата македонска каташка во историјата. На Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија го освои 5-тото место. Таа е стипендист на МОК, а во 2019 година од граѓанската организација „Такт“ беше избрана и за најдобра спортистка на Македонија во индивидуални спортови.
Пулексенија ќе настапи на 5 август во „Нипон Будокан“ салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по јапонско време (3:00 наутро по македонско време).

Изјава од Пулексенија Јованоска:
- „Живеам во ера кога пишувам историја за мојата држава, за знамето, јас самата со мојот труд, секој тренинг, сите овие години, секое падни-стани, секој пораз, многу солзи, многу разочарување. Сè вредеше. Сега стојам исправена пред мојот сон. Можам да ветам дека продолжувам со уште поголема посветеност, ќе дадам максимум што можам и на најдобар начин да ја претставам нашата земја.“ - изјави Пуликсенија пред својот предизвик ОИ.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.