Топ Новости

Д фестивал по 11 пат во Дојран

Петок, 25 Јуни 2021

Организаторите потврдија - „Официјално: ова лето ќе има Д ФЕСТИВАЛ!“

Наместо вообичаената повеќедневна музичка забава во јули, оваа година фестивалската фешта е планирана за август. „Д Фестивал“ е повеќе дневен музички фестивал на отворено кој се одржува секоја година во Дојран од 2011 година па наваму. Традицијата не ја прекина ниту во пандемската 2020. Фестивалот се одржа под строги протоколи и мерки за влез.

Но, организаторите најавуваат „Конечно сме во можност да ставиме крај на неизвесноста и по релаксираните мерки и без полициски час можеме да го закажеме #ДФЕСТИВАЛ2021 со нов датум на 13 и 14 август во Дојран!“

И, додаваат: „Драги Д пријатели, неизвесноста со пандемиската состојба е секојдневен предизвик во цел свет поради кој нашите првично посакувани датуми за годинашното издание се нереални за продукција на настан како нашиот, но среќни сме дека конечно имаме услови да ја потврдиме новата Д-дружба! Веќе доволно бевме разделени, а плус тоа ова лето означуваме и цела деценија од нашата прва средба.
Сите детали ќе ги објавиме многу скоро и почнуваме веднаш. Бидејќи приоритет сте ни токму вие, посетителите на Д Фестивал“ - напишаа на социјалните мрежи од организациониот тим на летниот музички фестивал во Дојран.

Тие се заблагодаруваат за трпението во сета неизвесност и порачуваат: „Време е повторно заедно да создадеме цел еден поубав свет на Д ФЕСТИВАЛ 2021!“

Поддржувач на фестивалскиот настан е Општина Дојран.



Last modified on Петок, 25 Јуни 2021 - 12:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.