Топ Новости

Признание за Тихомир Костадинов од Општина Гевгелија

Петок, 25 Јуни 2021

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов денеска ја посети општина Гевгелија на покана на градоначалникот со цел да му биде врачено заслуженото признание од локалната самоуправа како истакнат спортист- фудбалер од општина Гевгелија.

Костадинов е член на Македонската фудбалска репрезентација и за прв пат дебитираше на Европско Првенство, заедно со дебито на МК репрезентацијата на ЕП.

Тихомир е од Миравци, гевгелиско. Долгогодишен учесник на фудбалскиот традиционален меморијал „ТИХО“ во Миравци, член на домашни фудбалски тимови и млад и надежен македонски репрезентативец.

На EURO 2020 Тихомир го замени Горан Пандев во 68-та минута од натпреварот со Холандија, кога гранде Пандев отиде во репрезентативна пензија поздравен громогласно од целата публика на стадионот „Јохан Кројф“ после шпалир од поздрави од соиграчите и холандските репрезентативци. Дали е тоа судбинска должност на нашиот Тихомир да го замени местото на репрезентативниот првенец во МК националниот тим!? Ние му посакуваме напредок и успех, а денеска од Општина Гевгелија, градоначалникот Поцков врачувајќи му го признанието му посака:

- Горди сме што можеме да се пофалиме дека во Македонската фудбалска репрезентација игра Тихомир, бранејќи ги боите на македонското знаме. Му посакуваме уште многу успеси во кариерата!'


Фото: Општина Гевгелија

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.