„Симултан Бакнеж“ - нов албум на „Фолтин“

Четврток, 01 Јули 2021

Изминатиот период пандемијата ги оддалечи музичарите од сценските настапи, но не можеше да им ја одземе креацијата. Не по нивна вина, одделени од настапите и публиката, членовите на групата „Фолтин“ не седеа мирно во ова време-невреме. Тие денеска во МКЦ го промовираа својот нов миниалбум под наслов „Симултан Бакнеж“.

Албумот содржи четири песни снимени во Студио АЛШАР - Скопје, во декември 2020, а денеска напладне беа промовирани, со следниот наслов и редослед:
1. Симултан бакнеж
2.Недопрена
3. Кој може да расипе еден ваков ден
4. Сенки

Како и досега и овој пат не изостана одлично смислениот графички дизајн на омотот, а како автор се потпишува: Ѓорче Ставревски.

Во склоп на презентацијата на новото ЕП беше и промоцијата на видеоспот за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Мајкл Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин. Издавач на албумот е ОХО Продукција.

Очекувајќи ги на сценскиот подиум еве уште една од новите наслови на „Фолтин“:

„Фолтин“ е еден од најактивните бендови во Македонија и „Симултан бакнеж“ е негово 13. студиско издание.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.