Дојранското крајбрежје освен по посетеноста на бројните туристи годинава станува и четирикратен фестивалски град.
Минатиот викенд се одржа „Гурман Фест“ - со презентација на локалните специјалитети од Дојран и плодовите од поднебјето на Дојран, особено разните традиционални начини на подготовка на езерските видови риба.
Утре, дојранчани и многуте посетители ќе имаат за понуда да посетат уште една фестивалска манифестација. Тоа е фолклорниот фестивал „Дојран 2021“ кој се одржува утре, петок, 16 јули.
Местото на одржувањето на фестивалот е отворената летна сцена од Амфитеатарот во Стар Дојран, а почетокот е закажан во 20:30 часот. На сцената ќе настапат над 100 учесници од 8 фолклорни групи од прекуграничниот регион. Влезот за сите посетители е бесплатен.
Збиено културно лето има закажано и во текот на месец август. На почетокот од август се најавува Рок Фестивал во Дојран, Како нов проект, Здружението Андерфест ќе го одржи првото издание на Дојран Рок Фест. Еднодневниот фестивал планирано е да се одржи на 7 август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран. На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа Bad Obsession, High Voltage, Cruel, Daktili и The Chicks., соопштуваат организаторите на фестивалот.
Со нов термин, но со традионална форма на организација во Дојран посетителите ги очекува и фестивалската тродневна дружба со музичката и културна понуда од „Д Фестивал“. Истиот се одржува по 11 пат, но во нов термин, одложен поради рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, во период од 13 до 15 август, со секогаш бројни музички имиња од балканската и светска музичка сцена.
Ако не сте го планирале викендот, еве повод да се определите да го посетите Дојран.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети