Грција ставена на црвената корона листа

Сабота, 17 Јули 2021

Германија ја идентификуваше цела Грција како ризична земја што се однесува на епидемијата на коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), што значи дека сите туристи од Грција, како и германските државјани кои се враќаат од таа земја, ќе мора да имаат негативен тест за да избегнат карантин. Ова значи дека Германија ја стави Грција на црвената листа.

Грција во еден ден регистрира по близу 3.000 новозаразени лица од корона. Само во четвртокот беа потврдени 2.794 лица заразени со коронавирусот.

Драстичниот скок на бројот на новозаболени лица во Грција ги принуди властите на таа земја да воведат нови мерки од денес со цел да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот. Имено, Владата донесе мерка само вакцинираните лица и оние со негативен корона тест да можат да присуствуваат на јавни настани од затворен тип. За сите други тоа ќе биде неможно.

Исто така, Грција во понеделникот воведе обврска за задолжително вакцинирање на здравствените работници и негувателите во старските домови, откако во екот на туристичката сезона се зголеми бројот на новозаболени лица.

Ова се случува по потвдрата дека во Грција е присутен делта сојот на корона вирусот кој е карактеристичен со лесниот и брз пренос меѓу лицата, бесконтактво, дури и со разминување еден покрај друг.

Ова не' тангира и нас како гранична земја со Грција и секојдневниот транзит на патниици низ нашата земја кои се враќаат од Грција. Но, овде се и грчките посетители кои скромно се враќаат на старите навики за посета на југот од Македонија.

Претпазливо и со почитување на мерките за одржување дистанца е и понатаму важно во одржувањето на „нулта“ корона состојба во Гевгелија и секако, продолжување на процесот на масовна имунизација на населението за да го превенираме можниот нов корона бран, кој не по наша вина може да ни' го пренесат и транзитни гости низ земјата.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.