Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

ОВР Гевгелија поднесе три кривични пријави

Сабота, 17 Јули 2021

Кривични пријави според Кривичниот законик на РМ поднесе денеска ОВР Гевгелија за две физички лица (1 од Гевгелија и 1 Нов Дојран) и едно правно лице од Гевгелија. Сите три пријави се однесуваат за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ кои се регулирани во КЗ на РМ.

Првата кривична пријава е поднесена против Д.П.(60) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 12.05.2021 без посебна причина се движел без дозвола за движење, за време на забрана за движење поради прогласена пандемија на ковид-19.

Втората и третата кривична пријава се исто за констатирано „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ на ден 30.01.2021 година, а се поднесени против:
- М.Џ.(31) од Нов Дојран, управител во правно лице од Гевгелија и
- против правно лице од Гевгелија.

Во полицискиот извештај со поднесокот на КП стои дека М.Џ. и второпријавеното правно лице од Гевгелија, иако биле должни да постапуват согласно мерките за спречување на внесување и ширење на вирус ковид – 19 и да го ограничат бројот на гости согласно мерката предвидена во одлука и протокол за отварање и работа на угостителски објекти, при извршена контрола на 30.01.2021 во 20:15 часот од полициски службеници при ОВР Гевгелија било констатирано дека угостителскиот објект не ги почитува наведените мерки.

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот се санкционираат согласно со членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Членот 205 е содржан во Главата „Пренесување заразна болест“ и интегрално во него стои наведено:

(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три годинa.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест.

(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Членот 206 е содржан во Глава „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и интегрално во него е наведено следново:

(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

 

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.