Топ Новости

Успешен одзив на теренската вакцинација во Гевгелија и регионот

Сабота, 17 Јули 2021

Успешно и динамично е деновиве во Вакциналниот пункт против ковид-19 во Општа Болница Гевгелија. Освен редовните вакцинални интервенции во двата пункта сместени во поранешното Кожно одделение од Болницата, деновиве се спроведува и теренска вакцинација за заинтересираните граѓани во населените места од општината и регионот, и тоа без поединечно закажување од граѓаните.

Изминатите три дена од почетокот на спроведувањето на теренската вакцинација посетени се осум населени места од општините Гевгелија и Богданци и вакцинирани се вкупно 344 граѓани. Најголем интерес покажаа жителите од Богородица, Стојаково и Селемјива каде во првиот вакцинален теренски ден аплицирани се 150 дози вакцини против ковид-19. Следуваат Милетково и Миравци со аплицирани 129 дози и населените места Давидово, Габрово, Петрово кои мобилните вакцинални екипи ги посетија на третиот ден од распоредот за теренска вакцинација, при што аплицирани се 65 дози.
Се' вкупно, заклучно до вчера во Општа Болница Гевгелија вакцина примиле 5.758 граѓани, а ревакцинирани се 1.875 граѓани, не' информираше директорот на Општа Болница Гевгелија д-р Митко Крџев.

- „Сега во тек е теренската вакцинација, вакциналниот пункт паралелно работи со ревакцините со II доза СИНОВАК и со заинтересираните граѓани од 08 - 14:30 ч.
Од среда ќе биде опфатена помлада популација на возраст од 16 и 17 години кои што изразиле заинтересираност преку платформата „вакцинација мк“. Им препорачувам на сите граѓани да пристапат кон вакцинација. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите, може да ставиме крај на пандемијата“, изјави за GevgelijaNet д-р Тодорка Окова, задолжен доктор за вакцинацијата во Општа Болница Гевгелија.

Таа вели дека „Имунизацијата е едно од најголемите достигнувања во историјата на медицината и претставува најбезбедна, најефикасна и најоправдана превентивна мерка која директно допринесува за намалување на морбидитетот и морталитетот на заразните заболувања. Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здравствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици“.
Целта на вакцинацијата против Covid 19, според медицинските експерти, е 60 до 70% од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент да за стекнување колективен имунитет“, додаде во својата изјава д-р Окова за важноста на вакцинацијата против ковид-19 и кај нас во Општа Болница Гевгелија.

Теренската вакцинација продолжува од понеделник, 19 јули според следниот распоред на посета на населените места:

19 jули, 2021 г.
08:00-09:00 ч.- Кованец;
09:00-13:00 ч.- Негорци;

20 јули, 2021 г.
08:00-11:00 ч.- Нов Дојран;
11:00-13:00 ч.- Стар Дојран;

21 јули, 2021 г.
08:00-10:00 ч.- Мрзенци;
10:00-12:00 ч.- Прдејци;
12:00-13:00 ч.- Смоквица;

22 јули, 2021 г.
08:00-10:00 ч.- Николиќ;
10:00-11:00 ч.- Црничани;
11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;

23 јули, 2021 г.
08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;

26 јули, 2021 г.
08:00-12:00 ч.- Богданци;

27 јули, 2021 г.
08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.

За важноста на интензивирање на вакцинацијата секојдневно се огласува лично со свои пораки и Министерот за здравство Венко Филипче која нагласува:
- „Молам за поддршка од секој граѓанин во овој процес. Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако се уште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата“, апелира до граѓаните Министерот за здравство, Венко Филипче.



Last modified on Сабота, 17 Јули 2021 - 23:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.