Топ Новости

Книгата и шницлата

Понеделник, 19 Јули 2021

Отвораш фејсбук, а тоа ти е исто како да си седнал крај шведска маса. Галерија од фотоси од славја. Те зашеметува мирисот на разноразни месни специјалитети - кој од кој пораскошен, поопоен. Мазници, пити, сарми, кременадли, бифтеци, бечки шницли, какви што австријците одамна не виделе. Не мора да ги вкусиш, а веќе триглицеридите скокаат во височина како споулавени. И се прашуваш, да не случајно си заталкал во некоја друга точка на оваа планета. Да речеме како во Аргентина, каде шницлата од прериско теле е со големина на дланката на Марко Крале, тежи најмалку една ока, а може да се користи и како убојно средство доколку го погледаш накриво гаучо - келнерот.

И сама се наметнува дилемата - зарем со вакви трпези, пораскошни дури и од онаа на „тајната вечера“ може да сме најсиромашната земја на Стариот континент. А секој напишан ред ни' е плачење, лелекање. Се изнавикавме „долу влада“. Министрите ги исподавивме во плукање. Пратениците ни' се на интензивна со неизлечиви душевни болки од нашите пцости. Пендаровски и Заев се приклучени на апарати за кислородна поддршка. Секако, кога ние, непризнателни типови, нашата поддршка безрезервно не им ја даваме.

Во некои други светови, жителите немаат изгледа што да јадат, па се фатиле за книги. Се замајуваат и залажуваат со читање дури и на петпарачките дела на нобеловци, на разноразни филозофи од Антиката до денес. Неинвентивни суштества. Кога нема што да јадат, нека читаат. Нека го отворат нашиот фејсбук, нека ѕирнат на славеничките трпези па да се осведочат што е сиромаштија по балкански. Поточно, по македонски. За секој личен или семеен јубилеј - најмалку за една глава ни' се намалува сточниот фонд. Не дај Боже, ама, како сме тргнале, наскоро ќе остане по ливадите ние да пасеме.

Автор: Бошко Нацевски- новинар (фејсбук статус)



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.