Елена Брзилова- Првенец на СОУ „Ј. Јосифовски“- Гевгелија

Понеделник, 19 Јули 2021

Гимназијалката и положена матурантка Елена Брзилова од Гевгелија, официјално стана првенец на својата генерација 2020/21 од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.

Согласно правилникот и критериумите, донесена е едногласна одлука на Наставничкиот совет при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Брзилова да ја понесе оваа титула. Признанието на Елена Брзилова и симболична награда ќе и бидат доделени на свечена манифестација во организација на училиштето.

Во текот на средното образование, Елена Брзилова имала одличен континуиран успех, примерно поведение, вложен труд, се залагала за училиштето и локалната средина, постигнат успех во слободните ученички активности, учество на натпревари и освоени награди и пофалници.

- „Чувството на самоувереност е неизмерно кога нашиот труд е признат и ценет. Ова е еден најдраг успех од моите досегашни достигнувања. Сакам искрено да се заблагодарам на сите професори кои верно ме мотивираа, поддржуваа и се радуваа заедно со мене за секој постигнат успех во текот на образоваанието. Ми беше чест да учам од Вас“ искажа зборови на благодарност и самоувереност најновата првенка од СОУ, Елена.

Таа изнесе и своја заклучна констатација дека : „Секој труд раѓа свој плод. Не можеме да изгубиме ништо, туку само може да добиеме нешто повеќе“ споделувајќи ја со своите сокласници и новите генерации ученици кои доаѓат во ова средношколско училиште. Својот поход кон знаењето и стручното усоврешување Елена открива дека ќе го продолжи на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Првенката на средношколското општинско училиште ќе добие награда од Општината во вредност од 10.000 денари. Таа е шестиот првенец на генерацијата ученици од 2020/21 во Гевгелија заедно со првенците полуматуранти:
Јована Ѓореска од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
- Ивана Грујиќ од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
- Живко Узунов од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
- Зорица Геровска од ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
- Радмила Зашева, ученичка во класата по флејта во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.

Со награден фонд од 35.000 денри Општина Гевгелија ги вреднуваше признанијата на овие наши умни деца. Награда од 5.000 денари следуваше за секој и од полуматурантите

Успешен старт на новoто образовно скалило за овие вредни првенци од нашата Гевгелија.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.