Топ Новости

Новиот корона позитивен од Гевгелија се инфицирал на крштевка во Скопје

Понеделник, 19 Јули 2021

Веќе трет ден Гевгелија има еден новорегистриран случај на ковид-19. Епидемиологот Сашо Олумчев од Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија открива дека се работи за пациент кој веќе имал примено вакцина против ковид-19, но после присуството на крштевка во Скопје пројавил симптоми на корона.

Пациентот од Гевгелија кој сега е позитивен, бил на крштевка во Скопје. На веселбата присуствувале околу сто гости. И покрај тоа што веќе еднаш го прележал вирусот, а исто така ја примил и втората доза од вакцината пред околу еден месец, тој пројавил симптоми на Ковид-19. Тестот бил позитивен.

- „Пациентот има температура, кашлица… И неговата сопруга има сипмтоми, беше негативна на тестот, но по некој ден повторно ќе биде тестирана. Вакцинирани се, за среќа, и очекувам со лесно да поминат. Пораката од овој случај е јасна, мора да се спазуваат мерките, и покрај тоа што некој е вакциниран. Според моја проценка, треба да поминат барем три месеци по втора доза на вакцина, за да може да се достигне повисоко ниво на заштита.

Но, во никој случај не смеат да се игнорираат мерките. Да се носи маска во затворен простор, да се држи дистанца, тоа е дел од нашата култура и општествена одговорност, не само кон нас, туку кон цела заедница. Не гледам што има тешко во спазувањето на овие мерки, без оглед дали некој веќе е имунизиран – тврди епидемиологот.

Додава дека индискиот сој на вирусот кој веќе е присутен кај нас е многу попренослив, но исто така потребно е и помалку време да се инфицира некој кој е во близина на веќе позитивна личност.

- „Сите тие собири, свадби, крштевки, веселби, концерти… Во ист ранг ги ставам! Тоа се потенцијални жаришта, без оглед на тоа дали гостите седат или пак стојат на високи маси. Самата близина помеѓу луѓето е доволна за да букне инфекцијата. Мерките кај нас се олабавија поради економски причини, но очигледно дека народот тоа разлабавување го сфати како можност за забави, свадби, дружби, што е сосема погрешно.

Мора да остане дисциплината, се' додека не се стекне колективен имунитет и додека масовно не се вакцинира населението. Само тогаш ќе можеме да кажеме дека ова е зад нас, и дури ако се случи вакцинирани да се инфицираат, нема да се преполнуваат болниците, туку ќе минува инфекцијата со послаби симптоми, слично на грип“, оценува д-р Олумчев.

Според него, веќе сме на праг на нов бран на вирусот, за кој тој се надевал дека ќе дојде на крајот на август. Вели дека бројките на нови случаи ширум светот го покажуваат тоа, дека вирусот повторно зема сила, посебно поради новите соеви кои веќе ги има и кај нас.

- „Ако се спазуваат мерките за заштита, овде првенствено мислам на задолжително носење на заштитна маска во затворен простор и дистанца, ако се продолжи вакцинацијата со добро темпо, верувам дека до крајот на годината веќе ќе имаме колективен имунитет. Народот мора да има трпение и да соработува, основните мерки не се никаква тешкотија за да некој бара изговори за нивно непочитување“, додава епидемиологот од Гевгелискиот ЦЈЗ за „Фокус“.

 

 

Last modified on Понеделник, 19 Јули 2021 - 19:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.