Топ Новости

МЗ: Ковид-имунизирани 41% од граѓаните на Гевгелија

Вторник, 20 Јули 2021

Министерството за здравтво објави податоци за опфатот на вакцинација против ковид-19 во земјава и според нивната евиденција Гевгелија е на трето место со 41% вакцинирано население против ковид-19

Најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци, Охрид и Гевгелија, додека опфатот со вакцинација е најмал во Кичево, Тетово и Дебар

Според податоците на Министерството за здравство досега на територијата на цела држава барем една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните.
Најголем процент вакцинирано население има во Кавадарци односно 43,5 отсто од жителите на оваа општина примиле барем една доза на вакцина притив ковид-19. Следни со висок процент на вакцинирани се Охрид – 42,9% и Гевгелија 41%.

Ваквиот висок процент на имунизациј на населението во Гевгелија се должи на одговорниот однос на гевгеличани и високиот процент на одзив на граѓаните на закажаната вакцинација, како и високиот интерес за доброволна вакцинација во двата вакцинални пункта во Општа Болница Гевгелија кои функционираат непречено со тим од лекари и медицински сестри. Неделава интензитетот на вакцинација се зголеми и со практикувањето на теренски екипи кои ги посетуваат населените места од Гевгелија и регионот. За илустрација, само во четирите изминати денови од почетокот на теренската вакцинација во посетените населени места аплицирани се 613 дози вакцини против ковид на исто толку граѓани од руралните средини.

Гевгелија како град и реон за вакцинација од Општа Болница Гевгелија предничи во процентот на имунизирано население дури и пред Скопје кој се наоѓа некаде на средината на листата со 30%. Најмалку вакцинирани има во Кичево – 15,8%, а на дното на листата се и Тетово – 17,3% и Дебар – 17,3%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен 39,8%;
Битола 38, 9%;
Неготино 38%;
Штип 37,2%:
Пехчево 36%;
Велес 31%;
Демир Хисар 30,9%;
Берово 30,9%;
Скопје 30,8%;
Валандово 30,6%;
Прилеп 30,3%;
Пробиштип 29,7%;
Крушево 28,3%;
Кочани 25,3%;
Свети Николе 25,2%;
Делчево 24,9%;
Виница 24,5%;
Крива Паланка 23,9%;
Радовиш 23,2%;
Струга 23,1%;
Куманово 21,2%;
Струмица 19,4%;
Кратово 18,9%;
Македонски Брод 18,2%;
Гостивар 17,8%



Last modified on Вторник, 20 Јули 2021 - 18:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Страотен пожар во Кочани и кочанско

Порталот Кочанска Котлина јави дека пожарот пред два часа е забележан во

Повеќе

Тешко повредени двајца малолетници на Динќот

Празничната раздвиженост предизвика посета на релации и користење на возила со

Повеќе

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24

Повеќе

По три дена недостаток, вечерва Моин ќе добие вода

Поради дефект на водна пумпа на бунарите кај Моин жителите од ова населено

Повеќе

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае

Повеќе

Пресудени 25 години затвор за организаторите на нападот од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот

Повеќе

Градоначалник спасил давеничка на плажа

Штипјани со гордост денеска објавуваат на социјалните мрежи дека нa јавна плажа

Повеќе

Повторно поплави во Белгија - водата носи се' пред себе

Дождовната сезона и поплавите во централна Европа како уште да не ја завршиле

Повеќе

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО

Повеќе

Пресечен меѓународен канал за дрога, приведени гевгеличани

Во  вчерашната акција на  МВР запленета е дрога во вредност од 150.000 евра,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.