Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Ана Брзанова - Miss Earth North Macedonia

Понеделник, 26 Јули 2021

Гевгеличанката Ана Брзанова е крунисана за „Miss Earth North Macedonia“ во организација на „Miss Earth Beauties“ за 2021 година, откако ја претставуваше нашата земја на изборот „Miss Earth Balkan“ одржан завчера во Босна и Херцеговина.

Нејзиниот избор го објави организаторот на натпреварот за убавина „Miss Earth Beauties“:
- „Aна Брзанова е Miss Earth North Macedonia 2021! Добредојдовте во семејството на Мис Земја! Ана е Балканска Кралица на Земјата! #BalkanEarthQueens

Националниот избор за Балканска Мис се одржа на 24 јули во Бања Лука, Босна и Херцеговина.  

Ана Брзанова е 21 годишна девојка, модел и кралица на убавината од Северна Македонија. Има настапувано на повеќе избори за убавина, а ова се титулите кои досега ги има освоено:

- Таа беше „Топ модел Македонија“ за 2019 година;
- Таа беше „Мис Глоуб Србија“ 2020 година;
- Таа беше „Мис на Евроазија“, Србија 2021 година;
- Таа е „Мис на Земјата Северна Македонија“ 2021 година, крунисана на 24 јули 2021 година.

Ако ја освои титулата „Мис на Земјата“ 2021 година, на Меѓународниот избор што ќе се одржи на Филипините, Ана ќе биде првиот носител на титулата од меѓународен избор за убавина од нашата земја, Северна Македонија.

Меѓународниот настан „Miss Earth“ ќе се одржи во октомври годинава и ќе трае 30 дена, а целиот спектакл ќе го пренесува „Fox TV“, па нашата македонск-гевгелиска убавица ќе биде планетарно присутна на екраните.

- „Чест е да ја претставуваш својата земја после 15 години пауза на таков светски избор на убавина на кој учество ќе земат девојки од 140 земји од светот. Јас сум крунисана да ја претставувам нашата држава таму на изборот за убавина како носител на титулата „Miss Earth North Macedonia“ во избор на „Miss Balkan“ - изјави за GevgelijaNet нашата најубава сограѓанка.

Среќно Ана!

Last modified on Понеделник, 26 Јули 2021 - 17:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.