Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Подгответе се за 10 дневна температурна 40-ка до 44℃, со УВ=9

Среда, 28 Јули 2021

Актуелно предупредување од УХМР - доаѓа портокалова (алертна) фаза која ќе трае наредните 10 денови со дневни температури од над 40℃ .

„Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.“
Ова е актуелно предупредување од Управата за хидрометеоролошки работи-Скопје за времето кое не' очекува до крајот на неделата и следната.
Сателитските прогнози на Google најавуваат температури и до 44-от степен од Целзиусовата скала на југот од Македонија.

УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Пожелно е да се избегнува престој на отворено сонце во периодот од 11 до 17 часот кога дневната температура го достигнува својот максимум.

Граѓаните за превентива при топлото време треба да пијат повеќе вода, да бидат лесно облечени, да носат светла облека, со шапка на главата, да се тушираат за разладување, да избегнуваат тешка и масна храна, консумирање на доволно течности и умерен внес на сол, затоа што преку потта губиме и сол. Сите граѓани се критични на вака топло време доколку не внимаваат и не се придржуваат до препораките, но најкритични како што знаеме се старите и хронично болни лица, па затоа стручњаците препорачиваат хроничните болните да ја земат редовно својата пропишана терапија.

Од УХМР за следната недела најавуваат дека топлото време ќе продолжи. Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температурите. 40-те се очекува да не ја напуштат Гевгелија ниту следната недела.

ССМ ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.